Микробиологот Никола Пановски вели дека тој е виновен за отказот на неговиот колега д-р Мирослав Гроздановски, кој пред еден месец ја фотографираше погрешно испишаната табла за „дерматовенерологија“ во поликлиниката „Букурешт“, објав порталот „Фактор“.
Гроздановски претходно рече дека поради тоа што ја фотографирал таблата со комичен натпис се соочил со притисоци и условувања, како на пример да биде прераспределен во поликлиниката Бит Пазар, нешто што било неприфатливо за него на три години до пензионирање.
Пановски, од друга страна, вели дека тој ја објавил фотографијата на социјалните мрежи, Гроздановски само ја фотографирал, и побара нарачателите на таблата да бидат казнети.
-Јас сум виновен, јас ја постирав, за белја мене ми го испрати, а јас на плажа со 5 деца, досадно, па го шернав – коментира доктор Пановски.
Пановски вели дека поради фактот што во ова време сите го читаат, фотографијата се проширила како кочанскиот пожар.
-Се разбира, неписмениот нарачател кој истовремено ја примил и одобрил таблата да се закачи со пет грешки на македонски јазик и три грешки на албански не е ниту опоменат. Срамота – коментира Пановски.