Пожарот кој вечерва околу 23 часот избувна во ресторанот “Рагуза 360” на покривот од катната гаража „26 Јули“ во центарот на Скопје е изгаснат. За време на интервенцијата на противпожарните возила булеварот „Мито Хаџивасилев Јасмин” беше затворен за сообраќај.
Според некои медиуми, пожарот избувнал по експлозија на нафтен агрегат во кујната за време на свадбена веселба.
Неофицијално, нема повредени, но целосно уништена е целата кујна, како и половина ресторан.
Деталите околу пожарот во ресторанот „Рагуза“ ги соопшти Звонко Томевски, заменик командант на ППЗ на Град Скопје. Тој кажа дека пожарот избувнал среде свадба, и дека првично почнал кај инсталацијата. Една жена побарала помош, но веќе била пуштена дома.
– Она што за нас е најважно е да спречиме пожар без последици. Првично интервенцијата беше пребарувања на просторот, на катната гаража, ресторанот. Една жена имаше побарано помош, но веќе си заминала дома, рече Томевски.
Тој додаде дека пожарот избувнал сред свадба, и од она што првично може да се забележи е настанат во инсталацијата.
– Интервениравме со 10 противпожарни возила, 30 лица. Настана проблем бидејќи во моментот на дојавата, имавме интервенција на Дижонска на магацин со лакови, и од таму веднаш се упативме тука и успешно ја завршивме интервенцијата. Пожарот се простираше на некаде околу 150-200 квадратни метри, рече Томевски.