Момчето А.Б.(25) од Барич кај Обреновац, денеска се обидело да си го одземе животот скокајќи од блокот А на термоелектраната „Никола Тесла“, пренесува Информер.

Според извештаите, А.Б се искачил на висина од 25 метри, од каде скокнал. Паднал на висина од 13 метри и за среќа преживеал.

– Според нашиот извор, тој веќе некое време зборувал како не може да се справи со обемот на работа и како да се справи со толку голем притисок и дека ќе си го одземе животот, пишуваат српските медиуми.

Утрово дошол на работа, му се јавил на татко му и му рекол дека ќе се самоубие.

Неговите родители веднаш отишле во Полициската станица во Обреновац и го пријавиле повикот на нивниот син, загрижени за него и неговиот живот.

По пристигнувањето на местото на несреќата, патролата најпрвин го пронашла неговиот автомобил, а потоа и А.Б како лежи на лимот.

Тој бил хоспитализиран со возило на Итна медицинска помош, констатирани му се полесни физички повреди и бил пренесен на Клиниката за психијатриски болести „Д-р Лаза Лазаревиќ“, каде ќе му биде укажана потребната психијатриска помош.

Исто така, А.Б оставил проштално писмо во куќата. Во изјавата што ја дал во полиција, тој сепак тврдел дека на споменатата висина се качил поради работа, а од сопствено невнимание се сопнал и паднал.