ТВ презентерката и поранешна Мис на Македонија, Татјана Стојановска Китановска, замина на патување во Словенија.

Таа е активна на социјалната мрежа Инстаграм, а сега преку фотографиите кои ги сподели откри дека ужива во друштво на синот Матеј.

Татјана досега не споделила фотки со синот, па поради тоа со најнова објава ги изненади сите и им го привлече вниманието на следбениците.

Фотографиите се направени во Блед, Словенија, а од нив лесно е да се забележи дека Матеј е прилично повисок од мајка му.

Loading...

Инаку Матеј, има 26 години, а Татјана го доби од првиот брак, со пејачот Благоја Грујовски.

Парот се раздели во 2007 година, но тие и понатаму се во добри односи.

Loading...