Пејачот Владо Георгиев е уапсен вечерва на регионалниот пат Пљевља-Ранче, објавија пред малку регионалните медиуми.

Се претпоставува дека Георгиев управувал моторно возило под дејство на алкохол со концентрација на алкохол во крвта од 1,22 промили.

Владо Георгиев е однесен на распит во Центарот за безбедност во Пљевља, пишува Стандард.