Порталот „Кукурику“ на својата официјална фејсбук-страна објави дека починала легендарната македонска спикерка Снежана Липковска. Липковска е доајен на македонското спикерство.
Таа беше доајенот на македонското спикерство. Фантастичен радиофоничен глас, продорни крупни очи, дикција на ниво, шармантна, ненаметлива, умна и со стил.
Со децении владееше (70-те и 80- те години) на тв екраните, односно на тогашната ТВ. Скопје или Македонска радио и телевизија. Водеше најразлични емисии како и централниот Дневник и немаше кој не ја познава, а беше и добро позната во тогашна Југославија.
Знаеше како да се носи со славата, и беа отворени сите врати, а таа правеше интересни стории кои се прераскажуваат и денес. Спикерството и беше заштитен знак и од неа учеа генерации.
Водеше различни емисии како и централниот Дневник и беше вистинска ѕвезда, добро позната во тогашна Југославија. Работеше и како новинар, а исто така се занимаваше и со документаристика.
Во 2015 година издаде и книга, збирката новели „Хотелски стории“.