Родителите на тринаесетгодишниот В.К. од околината на црногорското место Пљевља, кој си го одзеде животот само неколку недели откако популарната „тиктокерка“ М.Г. (20) почина на ист начин и на истото место, веруваат дека секта е одговорна за смртта на момчето, изјавија за српски „Блиц“ соседите на семејството.
Мистериозните сам оуб иства на девојката, а потоа и на момчето, кренаа голема бура во јавноста откако тринаесетгодишникот на социјалната мрежа „ТикТок“ објавил дека ќе си го одземе животот „на истото место и на на ист начин“ како и М.Г.
Неколку дена по сам оуб иството на популарната „Тиктокерка“ од Црна Гора, тинејџерот објави фотографии и пораки на оваа мрежа дека таа е „неговата единствена љубов“, дека „девојката што ја сака најмногу на светот сега е во рајот“ и дека „сака да оди во рајот…
На денот кога си го одзеде животот скокајќи од мостот на Тара, објави фотографија на неговиот профил на „ТикТок“, но и видео клип во кој наведува дека сака да оди кај нејзиното место, во Рајот.
Соседите на семејството на момчето за „Блиц“ велат дека родителите на В.К. веруваат дека секта е одговорна за трагедијата.
Според еден од соседите на семејството на момчето, кој сакал да остане анонимен, во куќата на В.К. во последно време „се случувало нешто чудно“.
– Родителите почнаа да мислат дека нивните деца се членови на секта, која го натерала В.К. одеднаш да си го одземе животот, наведува соседот за „Блиц“.
Тој вели дека ова семејство неодамна имало проблеми и дека не сакале да го прифатат фактот дека постарата ќерка сака да се замонаши.
– Беа вознемирени, не можеа да поверуваат од каде дојде таква одлука. Тие беа против, беше општ хаос. Повикале и полиција. Сепак, никој не можеше да ја спречи, таа одлучи да оди во манастирот, раскажува соседот за „Блиц“.
Тој додава дека често го гледал тринаесетгодишното момче, но дека не забележал чудни знаци на него, како и нешто што би укажало дека нешто го мачи момчето.
Тој смета дека за трагедијата се виновни социјалните мрежи.
– Низ комшилукот се зборува дека тие биле на некои друштвени мрежи и дека таму се случува сешто, па може некое влијание од некого од таму да е причина за ова, вели тој.
Полицијата се обидела да го спречи, но …
Според изворот на „Блиц“, кобниот ден, на повик на очевидци, полицијата набрзо пристигнала на мостот на Тара, каде што стоело момчето. Тие направиле план како да реагираат и да го спречат момчето со очигледна намера да скокне без да го исплашат. Сепак, не ууспеале во тоа.
– Дојде патрола додека тој се уште беше на мостот. Тие смислиле план како да му пристапат без да го исплашат, дури замислиле да ги соблечат маиците за момчето да не реагира негативно на униформата. Но, бидејќи веќе имаше толпа минувачи, момчето наскоро скокна, вели соговорникот на Блиц.
Познаник на семејството објаснува дека во нивниот дом немало непријатности, ништо што би ги натерало децата на овој начин да го напуштат покривот над главата.
Во ранецот „тиктокерката“ нема проштална порака
Соговорникот вели дека случајно бил на лице место кога било пронајдено телото на популарната тиктокерка М. Г. и дека во нејзиниот ранец не била пронајдена проштална порака, како што се шпекулираше по социјалните мрежи.
– Во нејзиниот ранец имаше некои лични работи и јаже. Немаше писмо или проштална порака, вели соговорникот.
Министерството за внатрешни работи на Црна Гора не сакаше да ги коментира овие случаи за медиумите.