Ентони Џошуа ги исполни очекувањата на публиката и го нокаутираше јутјуберот Џејк Пол во најнерамноправниот боксерски меч во историјата.

Епилогот на мечот во Мајами беше во шесттата рунда во која Британецот конечно успеа да го умори Американецот и со силен удар да го нокаутира.

Ударот беше толку силен што Пол заврши со скршена вилица. Тој на социјалните мрежи сподели снимка од ренген на која се гледаат две пукнатини.