Големата бразилска фудбалска ѕвезда Нејмар одлучи каде ќе ја продолжи кариерата. Неодамна беше опериран, а сега гуруто за фудбалски трансфери Фабрицио Романо ја објави веста дека ќе остане во својот Сантос уште една година.
Нејмар реши да се врати во Сантос по епизодата во Ал Хилал, а во својот матичен клуб одигра 28 натпревари и постигна 11 гола и четири асистенции.
Сепак, неговиот договор истече на крајот од оваа сезона, се зборуваше каде би можел да ја продолжи кариерата фудбалерот кој има 33 години, но кој има и огромна историја на повреди зад себе поради кои не го исполни својот целосен потенцијал.
Според Фабрицио Романо, Нејмар одлучил да остане во тимот каде што пораснал уште една година, со што ставил крај на сите можни шпекулации.
Исто така, Нејмар би сакал да биде на списокот на бразилската репрезентација за Светското првенство, кое е закажано за следната година во 2026 година, но вистинското прашање е дали Карло Анчелоти воопшто го има во своите планови за такво нешто.
Исто така, се поставува прашањето колку може да придонесе на 33-годишна возраст, но и со богата историја на повреди.

