Ќерката на познатиот пејач Харис Ѓиновиќ, Џина Ѓиновиќ, која исто така е многу активна на социјалните мрежи, изненади многумина со денешната објава. Таа објави фотографија на Инстаграм каде плаче и ја објасни причината.
Имено, Џина во солзи им се пожали на своите следбеници дека премногу емотивно ја разбира содржината која се наоѓа на социјалната мрежа Тикток.
– ТикТок ќе ме стави во гроб, не можам повеќе, жими мајка, на секое второ видео хистерија и плачење.
По оваа објава, таа објави емотивно видео на татко и ќерка низ различни животни фази, а потоа објасни:
– Во основа, за оние што не разбраа, тој целиот живот и се извинуваше на својата ќерка што не беше млад како другите татковци, и почина така што се извинуваше.