Марија Шерифовиќ денес пристигнала видно расположена на снимањето на првата емисија од новата сезона на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“ во кое веќе 6 години е член од жирито.

Таа истакна дека се радува на новата сезона и на кандидатите, а сите ги изненади со зборовите дека ова ќе биде последна сезона во која ќе ја гледаме.

„Максимално се радувам на новите случувања. Максимално ќе се потрудам да и во оваа сезона моите кандидати поминуваат најдобро и истовремено дека со тие три круни ќе се поздравам со натпреварувањето“ – кажа Марија, а потоа објасни зошто ја донела оваа одлука.

„Веќе е доста. Да победам уште еднаш и доста е веќе. Веќе се договоривме дека засега сум овде уште една година“ – вели Марија.

Во видеото во продолжение погледнете што кажа таа за заминувањето на нејзината најдобра пријателка од жирито, Јелена Карлеуша, но и за доаѓањето на новиот член, Светлана Цеца Ражнатовиќ: