Марина Туцаковиќ пред два дена доби напад на силно гушење и беше примена во болница во која и беше констатиран коронавирус, а вчера поради влошување на ситуацијата беше приклучена на респиратор, a подоцна тргната откако и се подобрила состојбата.
Нејзиниот син Милјан Лача Радуловиќ преку Твитер ја извести нацијата дека неговата мајка е во лоша здравствена состојба и дека бара помош, а ова утро се огласи уште еднаш со порака на својот Твитер.
-Го враќам Твитерот кој поради менталната нестабилност морав да го исклучам. Благодарност до сите кои упатуваа добри мисли. На пораките кои ме разнежнија. На запалените свеќи. На човечноста. Во кое никогаш нема да престанам да верувам. Идеме понатаму! Ќе биде се ок, напиша тој.
Vraćam tviter koji sam zarad mentalne stabilnosti morao da onesposobim.
Hvala na dobrim mislima. Na porukama koje su me raznežile. Na zapaljenim svećama. Na ljudstvu. U koje nikad neću prestati da verujem.
Idemo dalje!
Biće sve ok.
🙏🙏🙏— Milan Laća Radulović (@RioJaggerr) September 16, 2021