Израелските безбедносни сили спречија обид за нелегален влез во земјата, откако на граничен премин открија дури 68 лица скриени во камион за транспорт на отпад.

Според информациите, камионот доаѓал од територијата под управа на Палестинската самоуправа и се движел кон централниот дел на Израел. Сомнежот на инспекторите довел до детална контрола, по што била повикана и војската.

При проверката, безбедносните служби пронашле десетици луѓе скриени во делот за ѓубре на возилото.

Сите 68 лица биле веднаш приведени и предадени на понатамошна истрага.

Покрај групата, уапсен бил и возачот на камионот – 30-годишен маж од Кафр Касим. Според првичните информации, тој немал соодветна дозвола за управување со ваков вид возило.