Голема трагедија се случи утринава во скопската населба Кисела Вода, во која најмалку двајца градежни работници се затрупани со градежен материјал при ископ и подготовка на теренот за изградба на нова зграда.
Според неофицијални информации на Нетпрес, еден од работниците е изваден, а други се длабоко затрупани, така што спасувачката акција е во тек.
Немилиот настан се случил зад кафулето „Фејс“, во близина на паркот „Македонија“. На местото на настанот во моментот има амбулантни возила, полиција, противпожарни екипи…
Следуваат повеќе детали…



