Никола Пауновиќ беше дел од првото и единственото музичко реално шоу на нашите простори, каде остана запаметен како момче кому Марина Туцаковиќ му кажа дека никогаш нема да биде ѕвезда.
Никола беше наклонет на рок музиката и тоа му беше сон – да стане рок ѕвезда. Освен глас, имаше и стас, па беше еден од омилените на девојките.
Но за жал, како и повеќето учесници од „Операција триумф“ шоу во кое учествуваше и нашиот Александар Белов, не го послужи среќата да изгради голема кариера.
Излезе онака како што предвиде Марина. Денес Никола живее во Америка и таму се бави со угостителство.