СЕ БАРА ГОРАН РЕМЕНСКИ – ПОСЛЕДЕН ПАТ Е ВИДЕН НА БЕНЗИНСКАТА СТАНИЦА „ГАМА ОИЛ“ ВО ВАЛАНДОВО, ДВИЖЕЈЌИ СЕ ВО ПРАВЕЦ КОН СТРУМИЦА!.
Семејството Ременски од Валандово упати јавен апел до граѓаните за помош и информации за нивниот сограѓанин Горан Ременски, кој се води како исчезнат.
Според информациите што ги сподели семејството, Ременски го напуштил својот дом на 25 април во раните утрински часови, околу 05:30 часот. Во моментот бил облечен во црно дебело палто, темно тегет фармерки и црни патики.
Последен пат бил забележан истиот ден околу 06:00 часот кај бензинската станица „GAMA OIL“, при што се движел во правец кон Струмица.
Од семејството информираат дека лицето во моментот не поседува мобилен телефон ниту лични документи, што дополнително ја отежнува потрагата и ја зголемува потребата од помош од јавноста.
Се апелира до сите граѓани кои имаат било какви сознанија или информации поврзани со неговото движење или моментална локација, веднаш да се јават на контакт телефонот:
📞 075 245 187
Секоја информација може да биде од клучно значење. Семејството апелира за масовно споделување со цел побрзо пронаоѓање на лицето.

