Македонскиот пејач Мартинијан Кириловски во емотивно интервју отворено проговори за тежок период од својот живот, откривајќи дека во минатото бил изложен на исмејување и омаловажување поради говорна маана.
„Поради мојата говорна маана ме исмејуваа и омаловажуваа. Во еден момент мислев дека нема излез од тоа“, признава Кириловски, додавајќи дека токму тие искуства го обликувале како личност и му дале сила да продолжи напред.
Тој потенцира дека верата и внатрешната сила му помогнале да ги надмине предизвиците, испраќајќи силна порака дека никогаш не треба да се губи надежта.
Целото интервју со Мартинијан Кириловски ќе биде емитувано вечерва во 23:10 часот во Backstage на Телма.

