По повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, денеска дел од паркиралиштата со кои стопанисуваат ЈП „Паркинзи“ на Општина Центар и ЈП „Градски паркинг“ – Скопје ќе бидат бесплатни за сите граѓани.
Редовно ќе се наплаќаат само затворените паркиралишта со автоматска наплата „Дилајла“, „Трготекстил“ и „Палома Бјанка“ кои се во надлежност на ЈП „Паркинзи“ на Општина Центар, како и зона А0 Водно, катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“ и јавните паркиралишта Кочо Рацин, Градска Болница, Нова Македонија, АМСМ, Народен фронт, Треска и клинички центар Мајка Тереза кои се под ЈП „Градски паркинг“ – Скопје.
Редовната наплата на паркиралиштата ќе продолжи во сабота, на 2 мај, со вообичаено работно време.
