Ден пред празникот 1 мај, во четвртокот, додека во Собранието на Република Македонија се поставуваа пратенички прашања, претседателот на СДСМ, Венко Филипче отсуствуваше од салата.
Според наши извори, во четвртокот, точно во 14:52 часот, Филипче полетал од Скопје за Франкфурт. Не е познато дали Франкфурт е неговата крајна цел, или само попатна станица до некоја егзотична дестинација.
Тоа и не е важно. Многу поважно е тоа што опозициски лидер во принцип не отсуствува од седници на парламентот за пратенички прашања, кои се можност опозицијата јавно да ја критикува власта.
Првиот човек на СДСМ и носителот на златна виза од Дубаи сепак не пропушти да критикува и да напаѓа и во четвртокот. На социјалната мрежа Х тој пак ја нападна телевизија Алфа.
Повод за нападот бил најновиот извештај на Репортери без граници за состојбата на медиумите во Македонија.

