Вкупно 14.000 патници ја поминале македонската граница на преминот „Богородица“ во изминатите 24 часа, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Според официјалните податоци, до 10 часот утринава излез оствариле околу 3.000 македонски државјани, додека останатите 11.000 се странски државјани.
Од МВР нагласуваат дека од нивна страна се преземаат сите мерки за забрзување на протокот на патници преку ставање во функција на сите човечки и технички капацитети.
И покрај зголемениот интензитет поради празничниот викенд, од македонска страна не се забележани поголеми застои при спроведување на граничните проверки.

