Трактористот С.С. (62) од село Арачиново синоќа бил повреден во сообраќајка што се случила на регионалниот пат Скопје–Куманово, во атарот на село Арачиново. Тој се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде околу 21.10 часот им подлегнал на повредите.
Како што соопшти МВР, несреќата се случила меѓу патничко возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.М.(28) од село Арачиново и трактор „имт-533“, управуван од С.С.(62) од село Арачиново.
Со телесни повреди се здобиле возачот на патничкото возило, сопатничката од истото возило Е.М.(24) од село Арачиново и уште двајца малолетни сопатници од возилото, констатирани во kомплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид на местото на несреќата од увидна екипа од СВР Скопје.