Српската полиција пронајде илегална фабрика за производство на фалсификувани бисквити „плазма“ и го уапси Д.Ц. (41) кој е обвинет за организирање на производство на подолг временски период, со намера да ги измами клиентите, користејќи туѓо име и трговска марка.
Полицијата во Белград пронајде линија за полнење и пакување, печатач за печатење на пакување, поголема количина фолија, печатени картонски пакувања, како и рефус мелени бисквити во илегалната фабрика.
Во малопродажните објекти во Смедерево, Крушевац, Крагуевац, Краљево и Панчево, полицијата пронајде поголема количина фалсификувана мелена „плазма“, која привремено ја конфискуваше.
На осомничениот му е одредена мерка притвор до 48 часа, по што ќе биде изведен во надлежното обвинителство и поднесена е кривична пријава, стои во соопштението од МВР.