Во саботата Швајцарија славеше против Северна Ирска со 2-0 во рамки на квалификациите за Светското првенство, но по натпреварот се случи инцидент, кој ја разлути јавноста во Србија, но очигледно и Фудбалската федерација на Швајцарија.
Џердан Шаќири даваше изјава за медиумите по натпреварот, кога еден непознат човек дојде и го нагрна со јакна на која имаше амблем на УЧК (Ослободителната војска на Косово). Фудбалерот штом го виде амблемот само благо се насмевна и веднаш на соблече јакната.
Српската јавност веднаш реагираше, како и Фудбалскиот сојуз на Србија со протести до Швајцарците. Лицето кое го направи инцидентот веднаш било уапсено. За него следува жестока казна, односно никогаш повеќе во животот нема да може да стапне на стадион во Швајцарија.
„Неприфатливо е одредени луѓе да ги користат стадионите за пропаганда, во овој случај телевизиско интервју по натпреварот. Шаќири реагираше на примерен начин, остана мирен и немаше никаква реакција“, стои во соопштението на Фудбалската федерација на Швајцарија.