Македоската репрезентација се подготвува за квалификацискиот дуел со репрезентацијата на Германија.

На нешто повеќе од два часа пред почетокот на натпреварот главниот град беше зафатен од силен дожд, што дополнително ќе ги отежни условите за игра на вечерашниот натпревар.

Останува да видиме дали времето ќе се смилува и ке овозможи да се одигра дуелот со Германија. Ситуацијата со Арената „Тодор Проески“ погледнете ја во следните фотографии:

📸

📸

📸

Спортските новинари во земјава веќе коментираа дека една од негативните работи во претходниот октомвриски циклус поради кои македонскиот тим се мачеше, беше и лошиот нерамен терен на арена „Тодор Проески“, од нашата селекција и федерација, им се извинуваа на Романците за очајната состојба на теренот на нашиот најголем и најрепрезентативен спортски објект.

Теренот беше заштитен со тоа што на него немаше клупски натпревари периодов, тревата сигурно ќе биде во подобра состојба отколку на средбата со Романија, но на тест ќе биде дренажата. После сите овие врнежи од дожд деновиве во Скопје, теренот може да омекне и брзо после почетокот на мечот со Германија да се игра во кал.