Шестнаесет годишен ученик од Хемиско-технолошкото училиште од Крушевац (16) починал вчера во домашна изолација, дознава „Новости“.
Како што рече мајката на починатиот иченик за „Новости“, тој бил тестиран и позитивен на Ковид-19. Таткото на момчето, исто така, бил позитивен на вирусот во семејството.
Повеќе податоци и попрецизни информации за причината за смртта се очекува да бидат познати во текот на денот.
Според најновите податоци на Институтот за јавно здравје во Крушевац, од почетокот на учебната година, во областа Расина, каде настава посетуваат 24.000 ученици, вирусот корона е регистриран кај 696 ученици и 122 наставници.