Иконата на фудбалскиот клуб Раднички, на југословенската репрезентација и еден од најдобрите голмани на сите времиња на просторите на поранешна СФР Југославија, Драган Пантелиќ (69) почина утрово во Универзитетскиот клинички центар во Ниш, Србија.

Пантелиќ во Универзитескиот кличнички центар беше примен поради тешка здравствена состојба предизвикана од коронавирусот, а вчера беше приклучен на респиратор.

Според медиумите во соседна Србија, неговата здравствена состојба се влошила во последните денови поради што морал да биде приклучен на респиратор.

Пантелиќ во историјата на југословенскиот и српскиот фудбал е запишан како еден од најдобрите голмани на сите времиња на овие простори, но и по тоа што често ги тресеше и противничките мрежи, па така вбо кариерата постигна дури 29 голови.

Драган Пантелиќ десет години го носеше дресот на Раднички Ниш, а потоа настапуваше и за Бордо.

Тој е роден во 1951 година во Лешница, а голот на репрезентацијата на СФР Југославија го бранеше од 1979 до 1984 година на 19 натпревари. Беше учесник на СП 1982 година.