Државното обвинителство во Осиек поднесе обвинителен акт против македонскиот државјанин Ице Г., поради сомнение дека проневерил повеќе од милион евра.
Од 01.01.2015 до 31.12.2016 година во Осиек, обвинетиот како директор и одговорно лице на фирмата Tibia jdoo, наменски крател средства од хрватскиот државен буџет, иако таа фирма не била регистрирана како даночен обврзник, ниту била овластена за издавање фактури со данок на додадена вредност, пишува Глас Славоније.
Тој е обвинет и за издавање фактури за излез со данок на додадена вредност за испорака на пченка, пченица, соја, јачмен, маслодајна репка и други земјоделски производи. После тоа не поднел даночна пријава ниту платил данок на додадена вредност на вака издадените фактури.
Утврдено е и дека фирмата никогаш не работела на регистрираната адреса, туку дека таму има облакодер.
И покрај обидот на Македонецот да му се предаде решението за спроведување истрага и поканата за распит, тоа не е реализирано, бидејќи лицето не се наоѓа на наведената адреса. Обвинителството бара судот да му суди во отсуство.