Поројните дождови кои погодија делови и Босна и Херцеговина предизвикаа поплави, прекин на сообраќајот и снабдувањето со електрична енергија, и дури евакуации на населението. Околу Сараево повеќе населени места се поплавени поради што големи делови од главнито град се без струја.

Државната електродистрибуција, Електропренос, соопшти дека силните врнежи ги спречуваат нивните екипи да ги поправат дефектите.

Поради надојдената вода властите наредија евакуација на населението од сараевската населба Отис, како и од градот Коњиц.

Врнежите започнаа доцна синоќа и според метеоролозите ќе продолжат се до недела, што предизвика страв дека ќе се повторат катастрофалните поплави од 2014 година.

🎥

📷

📷

📷

📷

📷

📷

📷

📷

📷

📷

📷

📷

📷

📷

📷

📷