На 06.11.2021 во 01.15 часот во СВР Скопје од страна на лекар од Итната медицинска помош било пријавено дека во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, во сопствениот дом била пронајдена почината С.С.(51), без траги на насилство.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата е предадено за обдукција.