Причината за смртта на Бранко Т.(34) од градот Власотинце во Јужна Србија, чие тело беше пронајдено во саботата, час по полноќ на улицата „Бора Станковиќ“ во центарот на ова место, ќе се знае дури откако сите резултати од механичката и токсиколошката обдукција ќе стигнат до надлежното обвинителство.
Тој вчера беше погребан на гробиштат во Власотинце во присуство на бројни роднини, соседи и пријатели на несреќното семејство.
Според официјалните информации од истрагата, Бранко Т. бил пронајден без видливи повреди по телото, а на лице место немало никакви траги кои би укажувале дека несреќниот млад човек бил насилно лишен од живот, пишува „Новости“.
Полицијата ги испрашувала сите кои биле во контакт со повредениот млад човек за да дознае за неговото движење и за сите околности кои и претходеле на смртта.
Истрагата ги демантираше првичните шпекулации дека несреќниот млад човек е тешко повреден во тепачка и дека починал поради здобиените повреди.
Бранко извесно време поминал во куќа во Власотинце во друштво на познаници и пријатели каде дошло до „тепачка меѓу нив“, но, како што неофицијално се дознава, досегашните резултати од истрагата покажуваат дека нема причина за сомнеж дека тоа може да биде причина за смртта на Бранко. Затоа наодите од токсикологија се важни за истражните органи, но резултатите од ваквите анализи се чекаат најмалку една недела, па и еден месец.
Бранко, наводно, во петокот околу 23 часот го напуштил друштвото во кое бил, за час по полноќ да биде пронајден на тротоар на улицата „Бора Станковиќ“, на место кое е оддалечено речиси илјада метри од куќата во која престојувал. Докторите се обиделе и со реанимација, но за жал истата завршила неуспешно.
Настраданиот млад човек студирал на Филолошкиот факултет во Белград и наводно поголемиот дел од времето го минувал во главниот град.