Амила и Мурис Гаџун, родителите на малата Џена, девојчето кое почина во неделата по компликации стекнати при операција на окото, најавија тужба „против виновникот“ затоа што „некој е одговорен“.

Тие додадоа дека само тие знаат како ќе го продолжат животот без своето девојче. Велат дека живеат само поради своите постари синови.

– Се држам до нив – изјавила мајката за Н1, пренесува Српскаинфо.

Амила Гаџун за Н1 раскажа како била информирана за смртта на нејзината ќерка.

– Вчера наутро ни се јавија и ни рекоа да очекуваме влошување, по 20 минути до половина час ни рекоа дека починала. Сакам да се знае вистината како дошло до ова. Девојчето било здраво, а по операцијата мозокот и бил целосно уништен. Се прашувам од што? Сакам да ни кажат што се случило? Ни кажаа дека долго време била без кислород. Ако не знаеле дали имаат доволно кислород, зошто се нафатија за операција? Сакам да одговорат на тоа? Слушнавме дека се работи за неисправен апарат, изјавила мајката на покојната Џена Гаџун.

Таа рече дека не сака да ја префрли вината на никого лично, туку дека тим од луѓе биле во салата и знаат кој точно бил задолжен да му даде кислород на девојчето од „кој немало доволно“.

Мурис Гајун додаде дека не сака некој невин да настрада, но „ оној кој е одговорен да каже што се случило со девојчето“.

– Што ѝ дал и што и направил – прашал нејзиниот татко.

– Лошо, психички лошо ја поднесуваат загубата на нивната сестра. Ги испратив малку кај сестра ми. Сакаат да се вратат, не можат без нас. Не се свесни дека нема да дојде, рекла мајката.

Таа раскажа како постариот брат се заклучил во собата по веста за смртта на неговата сестра.

– Ги собра сите нејзини работи и играчки, ги спакува во една кутија и ги покри. Не ни знаевме дека го направи тоа. Кога влегов во собата, видов што направи, низ солзи изјавила Амила Гаџун.

– Се држам до нив. Размислував што ќе си направам. Но, како ќе продолжиме без неа – тоа само ние си го знаеме – додаде таа.

Мурис рече дека ќе го тужи виновникот

– Ќе одам, ќе одам до крај. Сакам да знам што му направија на здраво дете. Нема да обвинувам никого бидејќи не знам што се случи. Но, мора да има виновник. Беше здрава, на нозе влезе во ординација. Си играше со мене, не знам што се случи потоа, рекол таткото на малата Џена.

Родителите уште еднаш истакнаа дека ја поседуваат сета потребна документација. Но, почнаа да ги обвинуваат дека тоа не е така.

– Рекоа дека девојчето не е добро и дека сме платиле за да важат наодите. Кој вообичаено би му го направил тоа на своето дете? Кој го кажа тоа – не знаеме – рекоа за Н1.

Д-р Нина Јовановиќ била единствената која ги контактирала родителите по операцијата.

– Таа ни се јави. Таа одговори и рече дека и е жал. Рече и дека во моментот кога нешто почнало да се случува ја тргнале, дека и рекле дека нешто се случува и дека треба да се оддалечи. Овој анестезиолог некаде изјави дека се обидува да дојде до нас. Кој сакаше да дојде до нас не најде. Му пријдов порано и го прашав што се случило, а тој рече дека не знае. И тој излезе. И д-р Нина рече исто дека не знае. Полумртва ја одвлекле во Кошево. Тие рекоа дека ништо не можат да направат. Само здравото срце ја одржуваше во живот во тие неколку дена. Мозокот беше изгорен. Ни кажаа дека сите мозочни ќелии се изгаснати, изјави на крајот мајката на покојната Џена Гаџун.