Аргентинскиот напаѓач Серхио Агуеро требаше да биде големо засилување на Барселона, но искусниот фудбалер се најде во неочекувани проблеми со срцето поради што реши да стави крај на кариерата.
Овој 33-годишен фудбалер имаше проблеми на 30 октомври, кога во 41. минута мораше да го напушти мечот против Алавес, откако почуствува силна болка во градите по што беше испратен во болница.
Првите проценки беа дека Аргентинецот ќе паузира најмалку три месеци, но по деталните прегледи и анализи беше откриено дека не е во состојба да ја продолжи професионалнат акариера.
Агуеро ја почна кариерата во Индепендиенте во 2003 година, по што играше таму до 2006, а потоа се пресели во Атлетико Мадрид каде што мина пет години и потоа следеше неговиот трансфер во Манчестер сити. А летово реши да се врати во Шпанија, односно да потпише за екипата на Барселона.