Ливерпул успеа да го добие првото полувреме во дербито со Арсенал, но водството од 1-0 падна во втор план, а причината за тоа е жестоката препирка која ја имаа двајцата менаџери Јирген Клоп и Микел Артета.

Германецот и Шпанецот се зајадоа крај аут линијата по дуелот на Мане и Томијасу, па можеше да дојде и до физичка пресметка ако двајцата стратези не беа спречени од најблиските луѓе околу нив.

Јирген и Микел имаа што да си кажат, но за овие нивни потези, постапна беа наградени со жолти картони од судијата Мајкл Оливер.