Анита и Мирсад Хаџиќ загинаа во лизгање на земјиштето по силното невреме што ја зафати Канада, оставајќи двегодишна ќерка зад себе.

Анита и Мирсад Хаџиќ се враќале дома од Оканаган во понеделникот, 15 ноември, кога биле атекнати од лизгање на земјиште во округот Пембертон.

На пат кон дома, нивото и неколку други возила беа затрупани од огромно количество земја и камења кои ги носеше свлечиштето кое започна како последица на неодамнешните големи поплави и бури што ја погодија Канада.

Полицијата соопшти дека се пронајдени телата на четири лица – една жена и тројца мажи, пишуваат канадските медиуми. Две лица се идентификувани, а се трага по уште еден маж, пишува Kelowna Capital News.

Телата се пронајдени на околу 250 километри североисточно од Ванкувер.

Семејниот пријател пријател Али Азоди изјави дека Мирсад Хаџиќ му бил „како брат“, велејќи дека двојката зад себе оставила двегодишна ќерка.

На социјалните мрежи многу пријатели се збогуваат со овој пар, а ги опишуваат како „неверојатни родители“. За нивната двегодишна ќерка беа организирани две онлајн кампањи за собирање средства.