Во добар дел од земјите во ЕУ е забранет автобуски превоз на деца преку ноќ, односно од 22 часот па се до раните утрински часови.

Дали оваа сообраќајна незгода ќе придонесе и за менување на некои закони и прописи и кај нас и во соседството, за да се спречат вакви трагедии?

Ова беше запрашан јавниот обвинител Љубомир Јовески кој вечерва гостуваше во студиото на ТВ21 во ClickPlus.

„Секако дека од оваа трагедија мораме да извлечеме поуки и да донесеме некои нови закони. Но, ние не ги носиме законите, туку ги спроведуваме. Секако дека ако има иницијатива, може да се разгледа и тоа да нема автобуски превоз на деца преку ноќ. Има многу аргументи за, но има и против. Што би значело превоз на деца? Дали во тој случај нема да смеат да се превезуваат и нивните родители? Значи мора тоа детално да се разгледа“, објасни Јовески.