Синоќа се случил огромен сообраќаен метеж на автопатот Струма во правец кон Софија. Причина бил фактот што сообраќајот во реонот на несреќата со македонскиот автобус се уште не е обновен во двата правци, јавува БНТ.бг.
Сообраќајниот метеж бил исклучително сериозен, бидејќи должината на колоната автомобили била околу пет километри. На возачите им требало околу еден час да поминат низ проблематичната област.
Инаку, сообраќајот во правец кон Софија е исклучително интензивен кон крајот на неделниот викенд.