Белграѓанинот С.Г.(42) по итна постапка пред Судот за прекршоци во Будва е казнет со 2.000 евра.

Тој е санкциониран, бидејќи истиот ден во раните утрински часови во просториите на Итната медицинска помош во Будва одбил да се подложи на задолжителна анализа на крвта за проверка на присуство на алкохол во организмот“, соопшти претседателот на Судот за прекршоци во Будва, Марко Ѓукановиќ

Претходно, додава тој, возилото што го управувал – „јагуар“ со странски регистарски таблички, било сопрено во сообраќајната контрола, по што алкотестот му утврдил концентрација на алкохол во организмот од 1,55 промили.

„Обвинетиот не се согласил со вака утврдената вредност во записникот, па бил однесен во здравствена установа за да му се направи анализа на крвта, што на крајот одбил“, рече Ѓукановиќ.

Тој додаде дека на С.Г., покрај паричната казна што му е изречена како странски државјанин, му е изречена максимална забрана за возење на територијата на Црна Гора.