Уплаќате „all inclusive“ и одите на одмор, го оставете паричникот дома… звучи добро, но обично не е.

All inclusive услугата во хотелите генерално значи дека со избраното сместување ги имате сите три оброци дневно и широк избор на алкохолни и безалкохолни пијалоци. Често е вклучена понудата на спортски активности, пристап до спа центарот, базен, активности за деца, бесплатен влез во ноќниот клуб во рамките на хотелот… Сепак, далеку од опуштање е да ги оставите паричниците дома и само да се препуштите во уживање без размислување за ништо. Има и листа на она што all inclusive не го опфаќа, додека од друга страна ќе ве пречекаат бројни „стапици“.

Не е баш СЕ вклучено

Секогаш е потребно во описот на хотелот да прочитате што точно вклучува оваа услуга или да прашате во агенцијата, бидејќи во all inclusive никогаш не е баш сè вклучено. All inclusive се разликува меѓу земјите и не подразбира ист квалитет на услугата, а таа услуга исто така се разликува од хотел до хотел. Понекогаш не се зема здраво за готово дека добивате флаширана вода, во некои хотели со 5* ќе ви се наплаќа дополнително еспресо, а се случува и да немате лежалка и чадор на плажа, па треба да доплатите и за тоа.

Да, имате три оброци, можеби и грицки, но веројатно нема да можете да изберете многу што сакате да јадете, ниту да одредите кога ќе ви биде послужен оброкот. Доколку сакате посебно јадење, се доплаќа. Така е и со пијалоците, некои обично се бесплатни, за некои доплаќате.

Одредени активности ретко се вклучени во цената, па доколку со нетрпение го очекувавте курсот за нуркање кој е нагласен во понудата на хотелот, веројатно треба да платите посебно. Сепак, како гостин во all inclusive, може да добиете одреден попуст. Исто така, можеби можете да одите во бањата бесплатно, но плаќате одделно за масажите. Затоа, пред да го резервирате одморот од соништата, само внимателно проучете што точно е вклучено, а што не, за да не бидете непријатно изненадени на лице место и да се организирате.

Кога ќе посакате малку да излезете од хотелот

Услугата All inclusive се однесува само на избрано сместување, можеби пристап до објекти и ресторани од друго одморалиште од истиот ланец хотели. Сè надвор од тоа – плаќате редовно. Можеби преферирате плажа која не е дел од хотелот, можеби сакате да пробате специјалитет од најпознатиот ресторан на тоа место, можеби да излезете во некој популарен клуб… Имајте го тоа на ум пред да се „заробите“ со all inclusive.

Пари за бакшиш

Во некои одморалишта постои политика „без бакшиш“, но во многу е вообичаено да оставите бакшиш за собарките, келнерите и другиот персонал кои ви се на услуга 24 часа на ден. Дознајте кои се обичаите во хотелот што сте го избрале за да не бидете „омразен гостин“.