Актерот, режисер, сценарист и музичар Никола Коља Пејаковиќ на својот Фејсбук профил објави потресна фотографија од болница.

Коља доби неколку коментари за поддршка под неговата објава:

„Не се откажувај Никола“, „Мора да бидеш силен, имаш за кого“, „Ги имаш нашите молитви“, „Поминавме и полошо, ќе го поминеме и ова“, „Потребен си ни сеуште“, се само дел од коментарите на неговите пријатели.

Пејаковиќ е човекот кој ги пишуваше сценаријата за филмовите “Убавите села убаво горат,” и “Војна во живо,” за серијата “Штрковите ќе се вратат,” глумеше во “Убавите села…,” во “Ние не сме ангели,” ја режираше ТВ серијата “Сложни браќа” и ја напиша кафанската химна “Хаљиница боје лила.”

Во последно време, Пејаковиќ е актуелен по тоа што е автор на возбудливата животна приказна на авангардниот пејач Тома Здравковиќ. Филмот „Тома“ наиде на голем интерес кај балканската публика, како и во Македонија.