Пуш-паузата се покажала катастрофална за маж по потекло од Албанија кој патувал со сопругата.
За време на сообраќаен метеж на автопатот А7 кај Фусен во Алгау, мажот излегол од автомобилот за да испуши цигара, но додека пушел, сообраќајот почнал да се расчистува, па неговата сопруга го запалила автомобилот и отпатувала без него, пишува Fenix-magazin.de..
Нешто подоцна, баварската полиција добила пријави за пешак на автопатот А7 во близина на граничниот тунел Фусен. Се работело за Албанецот, кој очајно ја барал сопругата.
Подоцна и рекол на полицијата дека неговата сопруга едноставно продолжила да вози кога се расчистил сообраќајниот метеж. Албанецот на крајот бил земен од патролата. Неговата сопруга била контактирана телефонски за да го земе сопругот.
Парот потоа го продолжил заедничкото патување.