Албанскиот државјанин Д.Б (53) е осуден на десет дена затвор во затворот Спуж во Црна Гора, бидејќи синоќа на шеталиштето со рака удрил по задникот жена од Будва.

Како што неофицијално беше соопштено за „Вијести“, претседателот на Судот за прекршоци во Будва, Марко Ѓукановиќ денеска изрече затворска казна во траење од 11 дена, а еден ден му е намален поради времето поминато на албанскиот државјанин во полициската станица во Будва.

Албански државјанин е приведен во понеделникот вечерта откако физички нападнал Будванка „на начин што ја удрил со рака во пределот под грбот“ околу 21 часот и 15 минути на улицата „Словенска Обала“ во близина на старата автобуска станица од Стариот град, како што пишува во полицискиот извештај, со што сторил прекршок од член 10 став 2 од Законот за јавен ред и мир.