Српската државјанка Андреа Г.(34) е уапсена на Малта откако на аеродромот во паричникот и бил пронајден куршум калибар 22 милиметри, за кој рекла дека е амајлија.
Според Малта тудеј, девојката била изведена на суд веднаш по нејзиното апсење.

– Во нејзиниот паричник на скенерот е пронајдена воена муниција. Таа е обвинета за недозволена трговија и носење оружје и муниција – пишува „Малта тудеј“.

– Нејзиниот адвокат објасни дека носела куршум во паричникот како амајлија за среќа и дека сакала целосно да соработува со полицијата, односно дека немала намера да го прекрши законот.

На Андреа Г. изречена и е парична казна од 700 евра која мора да ја плати во рок од три месеци.