Некои претпоставуваат дека рускиот претседател Владимир Путин три дена претходно ја снимил најавата за воена инвазија на источна Украина, која беше емитувана на телевизија рано утринава.
Вреди да се нагласи дека видеото објавено денеска, шест часа по полноќ, е многу слично на телевизиското обраќање на Путин во кое тој рече дека Русија ќе ја признае независноста на украинските региони Донбас и Луганск како самопрогласени држави.
Видеото од утринава:
Повикувајќи се на извештаите на руските медиуми, британскиот весник The Guardian пишува дека најверојатно најавата на Путин за инвазијата била снимена три дена порано. Рускиот весник Novaya Gazeta објави дека видеото е објавено на веб-страницата на Кремљ на 21 февруари во 7 часот.
Гледајќи го видеото од пред три дена и денешното видео, може да се забележи дека претседателот на Русија бил облечен во иста облека и дека бил во иста просторија. The Guardian истакна дека претходните видеа од Кремљ биле прикажувани во живо.
Видеото од понеделникот, 21 февруари:
Ако беше така и овојпат, британскиот весник наведува дека тоа е показател дека Русија никогаш не го сфатила сериозно дипломатскиот начин на решавање на руско-украинската криза и дека била подготвена за инвазија.
Руската воена инвазија на источна Украина започна денеска во раните утрински часови. Странските медиуми јавуваат дека експлозии се слушаат во неколку украински градови, меѓу кои и Киев.
Путин уверува дека неговата земја нема намера да ја окупира цела Украина, додека Украинците сметаат дека Русија го сака токму тоа. Западот вели дека строго ќе ја санкционира Русија, но тешко дека ќе реагира воено.