Шефот на безбедносните службеници во Тексас изјави дека полицијата донела погрешна одлука во врска со масакрот во основното училиште Роб.
„Кога би знаел дека тоа ќе помогне, ќе се извинев“, рече Стивен МекКреј за време на прес-конференција.
На полицијата и биле потребни 40 минути за да влезе во училиштето
Тој потврди дека на полицијата и биле потребни дури 40 минути за да влезе во училиштето и во училницата каде што се пукало.
Учениците неколку пати повикале полиција одвнатре, дел од нив се јавувале и од мобилните телефони на веќе убиените колеги и професори.
– Полицијата не влезе во училницата се до 12:50 часот, рече МекКреј кога безбедносните сили решиле да го искористат клучот од чуварот за да ја отворат заклучената врата и да го убијат напаѓачот Салвадор Рамос.
Потврдено е дека пред училиштето се собрале дури 19 полицајци, но тие не влегле внатре.
Откако напаѓачот е убиен, полицијата во негова близина пронашла дури 1.657 парчиња муниција. Да потсетиме, напаѓачот за време на пукањето уби 19 ученици и две наставнички, а рани уште најмалку 17 лица.