Јутјуберката Ања Благојевиќ, попозната како Ања Бла, плени на социјалните мрежи со својот брутално секси изглед. Девојката на Бака Прасе важи за една од најубавите девојки, а таа секојдневно напорно работи на своето тело. Освен што се грижи за исхраната, таа тренира понекогаш и два пати на ден, за да биде во топ форма.
Кога дојдоа летните денови, Ања реши да ги покаже резултатите од својата работа. Така таа вчера позираше во минијатурни бикини, кои ги истакнаа сите нејзини облини.
Како што налагаат трендовите, сега е сè попопуларно бикините да бидат што помали, а облините да се гледаат што повеќе, па Ања избра едноделен, танга костим за капење, со голема „дупка“ на стомакот и покрива само половина од градите.
Јутјуберката истакна дека долго време го сакала овој модел, но дека не очекувала дека ќе биде толку „исечен“, што едвај ги покрива интимните делови. Таа додава дека со оглед на тоа што потрошила многу пари на него, сега ќе го носи. Веруваме дека мажите нема да се спротивстават ако го погледнат.