Стелиано Филип, некогаш голем талент на романскиот фудбал и член на сплитски Хајдук, доживеа пресврт во приватниот и љубовниот живот. Пред точно две години Филип се разведе од сопругата Бјанка Марина. Немаше да има ништо необично доколку причината за разводот не беше тоа што неговата сопруга не сакаше да ја смени верата.

Стелиано Филип (29) денеска настапува за унгарски Мезоковесд. Пред три години тој ја профати пентекосталната религија и се обиде да ѝ ја наметне на сопругата, но безуспешно.

„Не се пронајдовме, пред се во религијата. Тоа беше првата пречка меѓу нас. Се обидов, но не можев. Добро ми е како што е, јас сум православка. Се обидов да одам и во таа насока, но не можев да се снајдам“, изјави Бјанка минатата зима.

Филип оваа година ја најде среќата во љубовта. Две години по разводот со Бјанка, тој се ожени со својата нова избраничка Фивијана Бринзе.
Парот се венчаше во март, а пред два дена беше организирана и свадба на која присуствуваа неколку романски фудбалери и репрезентативци.

Што е пентекостализам?

Пентекостализам или педесетничарство — една од харизматските верски групи во христијанството. Кај нив посебно се нагласува значењето на крштевањето во Светиот дух. Името го добиле по празникот на духовите, Духовден (грчки: πεντηκοστή, Пентекост) кога Светиот дух, според Библијата се спуштил врз апостолите. Слични верски движења постоеле уште во XVIII век во Европа и Америка, но денешниот облик на религијата настанал на почетокот на XX век. За основач се смета Чарлс Фокс Парам, во 1901 во Топика, Канзас, САД. Се проценува дека во светот оваа религија брои од 200 – 600 милиони верници. Најголем број од нив ги има во:

Пентекосталците припаѓаат на евангелистичкото движење кое нагласува непогрешливост на Библијата и потребата за транформација на животот на поединецот низ верата во Исус Христос. Покрај почитување на класичното библиско учење, овие верници посебно значење даваат на влијанието и присуството на Светиот дух. Поголемиот број на заедници ја прифаќа догмата на Светото тројство, додека некои сметаат дека Бог е единствен. Пентекосталците веруваат дека за чудата и мистериите во Новиот завет е одговорен токму Светиот дух. Верниците во духовен занес можат да изговараат непрепознатливи фрази. Современите теолози тврдат дека тоа е пронаоѓање личен јазик за комуникација со Бог. Порано се сметало дека станува збор за мистериозна моќ на говор на странски, непознати јазици. Крштевање на новороденчиња не се практикува. Се крштеваат возрасни луѓе, способни да ги осознаат разботите околу себе.