1.832.696 попишани лица, а 1.824.864 гласачи. Дали тоа значи дека во државата има само 7.832 деца? Или дека Избирачкиот список не содржи реални бројки? Многу дилеми се отворија откако синоќа Државниот завод за статистика ги објави првичните податоци од пописот.
Бројките од училиштата покажуваат дека, бројот на средношколци, основци и деца во градинка е 296 420 илјади.Нема релевантни податоци за бројката на деца кои не посетуваат градинка. Податоците од Фондот за здравствено осигурување, пак, покажуваат дека, Здравствено осигурани се речиси 1 милион и 900 илјади граѓани, од кои 400 илјади се под 18 години, што отвора уште повеќе прашања. Но, премиерот сето ова го објаснува со фактот дека е мал бројот на иселениците кои се попишале.
Официјалните податоци, што на барање на Телма, ги добивме од МВР на крајот на минатата година, покажуваат дека бројот на македонски државјани е 2 милиони 502 илјади 892 лица.Овде се опфатени сите државјани, и тие во земјава и тие во странство.
Бројката од МВР за тоа колку граѓани имаат имаат важечки лични карти, над 1,7 милиони ( 1 734 244) беше пониска од бројот на гласачи на последните избори во јуни за околу 70 илјади лица. Сите овие несогласувања, според експертите, укажуваат на сериозни пропусти во избирачкиот список.
Во јавноста сѐ уште има реакции и на граѓани кои што тврдат дека, во главниот град не биле попишани цели блокови згради. Од Заводот изјавија дека. во наредниот период ќе следи обработка на пописниот материјал и оние граѓани кои по било која основа не биле вклучени, а се дел од базите на податоци,ќе бидат вклучени во вкупната бројка.