Пејачката Анастасија Ражнатовиќ деновиве престојува во Севиља со своето момче Немања Гудеља од каде често се огласува. Последните денови двајцата уживаа „за сите пари“, одеа на романтични вечери, излегуваа, а сега пејачката се огласи на социјалната мрежа Инстаграм и покажа како го поминуваат времето.

Имено, Немања и Анастасија овој пат не биле сами на вечерата, а биле придружувани од неговиот возач. Анастасија за оваа пригода избра фустан со длабок шлиц и цветни детали, со голи рамена, а чантата што ја носеше е од познат светски бренд и чини околу 3.500 евра.

Да потсетиме, Анастасија Ражнатовиќ и нејзиното момче, фудбалерот Немања Гудељ неодамна го загубија своето бебе, а тажната вест ја објавија на социјалните мрежи. Анастасија тогаш беше бремена во петтиот месец и реши целосно да се повлече од јавноста, па го деактивираше својот профил на Инстаграм.

Сепак, Анастасија неодамна пријатно ги изненади сите, кога реши да го врати профилот и веднаш јавно му се обрати на Гудељ. Таа објави серија слики, му честиташе за освојувањето на трофејот и ги испрати најемотивните зборови во тоа време.

– Секоја чест љубов моја! Еден од многуте убави моменти од нашиот заеднички живот се случи денеска. Допрва претстојат уште многу. Ако некој го заслужува ова, тоа сигурно си ти! Те сакам – напиша Анастасија и разнежни многу луѓе.