Она што многумина не го знаат за хрватската пејачка Жанамари Перчиќ (40) е дека таа е еден од членовите на МЕНСА, светската асоцијација на луѓе чиј коефициент на интелигенција далеку го надминува просекот.

Атрактивната пејачка има коефициент на интелигенција од неверојатни 156, а за тоа проговори во In Magazine.

– Што се однесува до мојот коефициент на интелигенција, кога ќе се наспијам добро, можеби се уште е таму, нешто останало, но во последно време не спијам многу, па ако има некои непромислени потези во следните неколку месеци, не го припишувајте тоа на МЕНСА, ве молам, се пошегува Жанамари.

Пејачката е мајка и на ќерката Габи (8) која ја има со сопругот Маријо Перчиќ. Малата Габи изгледа е „паметна на мама“.

– Габи е толку талентирана што не ми се верува. Пишува комплетни песни со текстови, измислува,значи „луда е“. И морам да се пофалам дека учебната година ја помина на примерен начин со одлични резултати и пофалница. На мама е, реков – вели Жанамари.