Четири години наназад се зборува и пишува по медиумите за килограмите на пејачката Антониа Гиговска и како тоа успеа од 73 килограми да дојде до денешните 52. Во меѓувреме беше и бремена, се соочи и со предизвикот наречен постпартум, а денес и самата се запраша дали треба да се грижи што дошла до конфекциска големина Xs, односно најмалата, или пак треба да се радува?
-Проблем е што веќе и Xs ми е големо или треба да се радувам?
Откако по којзнае кој пат ја начна темата за својот изглед и килограмите, а приложи и фотографија од гардероба каде пробува пнталони од најмалите, а истите и се широки кај струкот, тогаш самата се стави во прашалници до каде е?
Своевремено, кога почна да слабее со правилен начин на исхрана и вежбање, трудот на Антониа резултираше со одлични резултати, но тоаш изјавуваше дека откако ослабела значително, паднала во депресија бидејќи била исплашена дали ќе може да пее со истиот капацитет.
Денес веќе го нема тој проблем, искусана и самоуверена младата популарна пејачка отворено им одговори на фановите дека најдобро е да изгледате онака како се чувствувате најубаво и дека е сосема неважно за тоа кој што мисли за Вас.
-Дечки, само не јадам глупости и се хранам здраво. Тренирам3/4 пати неделно. Сега веќе можам да си дозволам да си каснам нешто што сакам, а не смеам, меѓутоа не сум веќе стрвна како порано и немам желба за нешто. Гледам да се држам до онаа килажа во која се чувствувам своја. Некој ќе каже дека сум преслаба и не ми стои, некој ќе каже дека сум фит и изгледам баш како што треба да изгледа една млада девојка, се храни здраво и вежба. Не можеме да се допаднеме на сите, важно е како вие самите се чувствувате!, пишува Антониа во одговорот од Инстаграм прашалникот.
Сепак, јасно е дека и годи тоа што изгледа тенка како манекенка, а е тазе мајка на осуммесечно бебе. Веројатно по неколкугодишна битка со пронаоѓањето на вистинската Јас, Антониа најпосле ќе го пронајде својот телесен баланс за внатрешен мир и задоволство.